Фото: МИА

Среќен 9 Мај – Денот на Европа! – напиша премиерот Христијан Мицкоски на неговиот фесбук профил.

– Денес го славиме мирот, единството и заедничките вредности што не обединуваат како европски народи. Нека ни биде потсетник дека преку дијалог, солидарност и почит кон различноста можеме да градиме подобра иднина за сите. За Македонија, Денот на Европа не е само симболика, тој е и поттик за уште посилна посветеност кон европските вредности, реформи и напредок. Нашиот пат кон Европската унија е пат на достоинство, работа и надеж. Македонија припаѓа во Европа, со својот идентитет, култура и визија за иднината! Обединети во различноста, силни во заедништвото – објави Мицкоски на фејсбук.

Но воедно, напиша Мицкоски, да не заборавиме на огромната жртва која како народ ја дадовме во борбата против фашизмот.

– Победата над фашизмот беше резултат и на блескавата саможртва на илјадници македонски партизани кои во своите животи ги положија за денешната слобода и беа наследници на илинденскиот пламен за Македонија. Методија Андонов Ченто, Петре Пирузе Мајски, Михајло Апостолски, Павел Шатев, Мирче Ацев, Орце Николов, Страшо Пинџур, Христијан Тодоровски – Карпош, Ибе Паликуќа, Елпида Караманди, Кузман Јосифовски – Питу и плејада други големи имиња се вградија во денешната наша државност. Пред нивното дело се поклонуваме со огромна почит и внимание. Затоа победата над фашимот е и наше право, а почитта кон тоа е наш долг. Честит 9 мај – објави премиерот Мицкоски на фејсбук.