Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), времето денеска ќе биде облачно со повремени локални врнежи од дожд, кои на одделни места ќе бидат пообилни и ќе надминат 20 литри на метар квадратен. Можно е и појава на ретки грмежи.
На повисоките места дождот повремено ќе преминува во снег, додека на планините ќе врне снег и ќе се формира нова снежна покривка.
Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се движи од 2 до 8 степени, а максималната од 7 до 15 степени.
Во Скопје ќе преовладува слично време, со повремени врнежи од дожд и услови за ретки грмежи во делови од котлината. Температурата ќе се движи од 5 до 13 степени.
За време на викендот се очекува посвежо време со повремени врнежи со послаб интензитет. Во сабота ќе има услови за изолирани грмежи, а на повисоките места врнежите ќе бидат мешани (дожд и снег), додека на планините ќе врне снег.
Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер, особено изразен долж Повардарието.
Во понеделник се очекува привремено стабилизирање на времето, а од вторник повторно нов бран врнежи.































