Тиквешки семејни винарии, трета година по ред, организираат дегустација на уникатното македонско вино од сортата станушина во Кавадарци, произведено од 20 винарии од тиквешкиот регион.
Ова розе вино е омилен летен пијалок на познавачите на божјата напивка поради уникатниот вкус и арома.
Станушина е единствена автохтона сорта на грозје во Македонија. Постои многу векови, се одржала на сите климатски промени. Во Македонија има околу 200 хектари под станушина, а само малите винарии ја негуваат традицијата за производство на вино од оваа сорта на грозје.