Поголем дел од демонстрантите кои вечерва се собраа на протест против „Францускиот предлог“ пред Владата, каде ја пробија заштитната ограда и фрлаа со шишиња, јајца и камења кон полицијата, околу 20 часот и 30 минути се упатија кон Собранието.
![](https://www.novamakedonija.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/sobranie-123-696x375.jpg)
Пред законодавниот дом исто така е урната заштитната ограда, а насобраните пеат патриотски песни, бараат оставки од властите и целосно отфрлање на европските и бугарските барања.
Протестот официјално нема организатор, но е поддржан од политички партии и граѓански организации кои сметаат дека предлогот е исклучително лош за македонскиот народ и македонските национални интереси.
![](https://www.novamakedonija.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/sobranie-6-696x406.jpg)