Патниот правец Бела Вода – Ратево, кој е дел од регионалниот пат Берово – Струмица, во моментов е блокиран за сообраќај поради големи наноси од одрони.
Како што информираат возачи на терен, сообраќајот е во целосен прекин. Според неофицијалните информации, екипи за одржување на патот веќе интервенираат со цел расчистување на одроните и нормализирање на сообраќајот.
Засега нема информации за повредени лица, а на возачите им се препорачува да користат алтернативни патни правци и да ја следат состојбата на патиштата.































