Дефект на далновод, вечерва, ги остави цел Прилеп и околните села без струја.
За дефектот на социјалните мрежи информираа од Центарот за управување со кризи.
– Поради дефект на 110 КВ далновод во моментот без електрична енергија е цел град Прилеп, потегот на селата кои гравитираат кон Битола и дел од селата во Општина Кавадарци. Екипите на ЕВН се на терен и работат на отстранување на дефектот – информираа од ЦУК.
Граѓаните веќе неколку часови се без електрична енергија.
 
             
		

































