Илустрација / Фото: Маја Јаневска -Илиева

Берлинскиот процес придонесува за подобрување на соработката во рамки на земјите од Западен Балкан во постигнување на стандардите на Унијата и е одлична платформа за поддршка на интеграцијата во ЕУ и уникатен пристап за дијалог и соработка во рамките на самиот Западен Балкан, но тоа не е замена за членство во ЕУ.  Нашата Реформска агенда и нашата оценка во постигнувањата на тие обврски е еден голем дел можеби и најкрупниот во оценката за понатамошната интеграција во ЕУ, но патот кон Унијата не се реализира само преку иницијативи. Ова беа дел од мислењата на панелот Берлинскиот процес по Лондон 2025 – Следни чекори за парламентарната димензија на процесот, во рамки на настанот организиран од Меѓупартиска парламентарна група за следење на имплементацијата на обврските од Берлинскиот процес и Реформската агенда од Планот за раст на тема „Реформската агенда и Берлинскиот процес низ призмата на европската интеграција: Улогата на Парламентот во спроведувањето на регионалните приоритети“.

Директорот на Директорот за ЕУ во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, Андреј Лепавцов, посочи дека Берлинскиот процес е комплементарен на процесот на пристапување а не е негова замена, и има за цел негово олеснување и забрзување.

-Берлинскиот процес придонесува за подобрување на соработката во рамки на земјите од Западен Балкан во постигнување на стандардите на Унијата и е одлична платформа за поддршка на интеграцијата во ЕУ и уникатен пристап за дијалог и соработка во рамките на самиот Западен Балкан и има инклузивен формат, што ги третира сите земји како рамноправни што е доказ на многу состаноци каде што се доаѓа го конечен одговор на една кохезија меѓу самите земји од Западен Балкан – рече Лепавцов.

Како предизвици во регионот што се разгвораа на Самитот на Берлинскиот процес во Лондон, Лепавцов потсети дека тие остануваат економскиот раст, безбедноста и миграцијата. Била посочена појавата на нови безбедносни закани особено сајбер и хибридните напади, дезинформациите и надворешните политички влијанија.

– Дополнителни ризици претставуваат и организираниот криминал, нелегалното финансирање и миграцијата кои сериозно го нарушуваат безбедносниот амбиент и стабилноста на Западниот Балкан, поткопувајќи ја институционалната ефикасност и довербата во јавноста – додаде Лепавцов.

 

Миша Поповиќ од ИЦДС истакна дека владеењето на правото и доброто управување не секогаш е дел од Берлинскоот птоцес

– Исполнувањата на ветувањата од минатиот самит на Берлинскиот процес беа слаби се надеваме дека овие заложби ќе бидат исполнети за разлика од првиот пат кога претседаваше британската Влада – рече Поповиќ.

Антонио Млошоски се согласи со тоа дека треба да има поголема транспаретнсот и подобро упраување и рече дека оваа денешна седница е доказ дека Собранието е транспарентно и отворено и инклузивно.

– Комисијата за европски прашања разговара за европски теми, за Берлински процес, за Реформска агенда, не се разговара веќе за Законот за лотарија или за законот за марихуана или за други закони кои поминуваа со злоупотреба на европско знаменце – рече Милошоски.

Посочи дека нашата Реформска агенда и нашата оценка во постигнувањата на тие обврски е еден голем дел можеби и најкрупниот во оценката за понатамошната интеграција.

– Но исто така, за да имаме целосна слика, и самото настанување на Берлинскиот процес како форум укажува на тоа дека проширувањето на ЕУ не зависи само од земјите кандидати. Зависи многу од политичката волја и приоритетите на сите земји-членки на ЕУ, особено кога се носат одлуки во советот на ЕУ. Без таквите одлуки и политичките приоритети не можеме да очекуваме да има посилен имплус во проширувањето на ЕУ – нагласи Милошоски.

Додаде дека тоа што сега за жал се случува во Украина со руската агресија, дава нова динамика и создаде еден аларм и кај одредени земји-членки кои беа евроскептици по однос на проширувањето.

– И тоа е добар политичко-дипломатски момент, но сепак од она што сме го имале во разговори со колеги пратеници од неколку повлијателни членки на ЕУ забележуваме дека не кај сите земји-членки на ЕУ проширувањето е приоритет – потенцира Милошоски.

 

Пратеничката Дијана Тоска од Европскиот фронт рече дека Реформската агенда и планот за раст е домаша задача што мораме да ја исполниме. Но патот кон ЕУ не се реализира само преку иницијативи.

– Патот кон ЕУ влегува во секоја институција, секој закон, секоја процедура и секоја политика што ја спроведуваме дома. Затоа Реформската агенда и новиот План за раст претставува двојна обврска, но и двојна можност. Не се работи само за финансиска поддршка или за услови што треба да ги исполниме. Се работи за функционална правна држава, подобра бизнис клима, поголема транспаретност, поефикасни институции и засилена борба против корупцијата. Тоа е основата за развој и стабилност. Заттоа, улогата на Парламентот е мост меѓу политиките и граѓаните – истакна Тоска.

Сања Лукаревска од СДСМ посочи дека Берлинскиот процес и Планот за раст и Реформската агенда, како и Извештајот на ЕК треба да се разгледуваат паралелно, и од таму да влечеме соодветни заклучоци во кои сегменти имаме напредок, во кои земји и предничиме од Западен Балкан и каде треба да посветиме огромно внимание, затоа што реформите се тие коишто ќе ни овозможат и повисок стандард и европска интеграција.

– Но она што загрижува затоа што од 2021 година кога исто така имало самит на Берлинскиот процес главниот заклучок тогаш бил дека проширувањето останува стратешка цел, истата таа цел ја имаме и во 2025 дека сепак оттогаш кога се зборувало за проширување се зборува и денес, а ние се уште сме во чекалната – оцени Лукаревска.

Вториот панел беше посветен на степенот на имплементација на реформите од Реформската агенда во рамките на Планот за раст, како и на улогата на институциите во натамошното спроведување на преземените обврски. Во дискусијата учествуваа, Стефан Ристовски од Институтот за европски политики, Бојана Босилкова од Министерството за правда, како и Тодор Коневски од Министерството за енергетика. Говорниците се согласија дека имплементацијата на реформите мора да биде поефикасна, со јасно следење на напредокот, редовно известување и силна парламентарна контрола за да се забрза процесот на европска интеграција.