Мал авион се урна во Мавровско Езеро. Во авионот имало две лица, од кои едното е повредено, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
-Инцидентот бил пријавен на број 112, а информацијата веднаш е проследена од страна на ЦУК до СВР-Тетово, Итната медицинска помош (ИМП) и Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК-Тетово) за итна интервенција, соопшти ЦУК.
Авионот, како што нагласуваат, е од марката „пајпер“ со регистрација N5005W и е наменет за превоз на четири лица. Двајцата патници во авионот од кои едниот е повреден се косовски државјани.


































