Во рамките на апелот за поддршка на настраданите од пожарот во дискотекат „Пулс“ во Кочани, Црвениот крст на Република Македонија собра вкупно 153.931.166 денари во периодот од 16 март до 16 јуни 2025 година.
Како што соопштуваат од Црвен крст, со денешниот трансфер, извршена е исплата на 156 лица, а во престојните денови ќе се изврши трансфер на средства и на уште 11 лица.
-Со последниот денешен трансфер на 17.06.2025 година исплатени се средства на 156 лица, поделени во 5 категории, врз основа на направената проценка за степенот на повреди и прогнозата за нивното натамошно лекување, од страна на работната група на Министерството за здравство во вкупен износ од 39.750.000,00 денари. Во престојните денови ќе се изврши трансфер на средства и на уште 11 лица за кои треба да се обезбедат потребни документи, односно изјави и согласност за користење на личните податоци, со оглед на тоа дека истите не се опфатени со досегашните исплати. Вкупниот досегашен трансфер на средства на настраданите, заклучно со 17.06.2025 година изнесува 147.199.101,00 денари – стои во соопштението од Црвениот крст.
Оттаму најавуваат отворање на Регионален центар за ментално здравје и психо-социјална поддршка во Кочани, кој ќе ги покрива потребите на населението во источниот дел на земјата.