Фото: З.А

Црквата на најголема надморска височина во земјава на планината Фојник во Порече, денес го слави својот патрон, Преображение господово“. На овој празник по традиција црквата ја посетуваат жители од три села, Брест, Косово и Треболе, како и голем број на гости од други градови ширум земјава, претежно родум од овој крај.

– На 19 август, денес, својот патрон го одбележува црквата на најголема надморска височина во Порече, Преображение господово“. Овој храм на 1420 метри надморска височина редовно го посетуваат жителите од претходно спомеменатите три села Брест, Косово и Требовлекако и гости од други градови во земјава. Жителите на трите села имаат свои крстови кои ги китат и прават трикружно вртење околу црковниот храм пееќи ја песната, крст ти носиме бога молиме. Денес се врши и богослужба од страна на свештено лице од Македонски Брод, по што следува општонародна веселба а присутните се служат со посна трпеза – истакна Бојан Бежоски, поет и верник од Македонски Брод.

Тој наведе дека на местото на сегашната црква постоела стара црква, која е возобновена во периодот 2010 -2012 година. З.А