Уставен суд ја почна расправата за Законот за јазиците
Пред Уставниот суд, каде денеска се одржува седницата на која ќе се расправа по иницијативите за оценување на уставноста и законитоста на Законот за употреба на јазиците, се собирани членови и активности на Демократската унија за интеграција.
Меѓу нив се и членови на највисокото раководство на партијата како поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи и поранешниот министер за образование и наука Арбер Адеми. Присутни се и лидерот на партијата Али Ахмети и на Зијадин Села од Алијанса за Албанците.
Од ДУИ вчера ги повикаа граѓаните да им се придружат.
– Ова е одлучувачки момент за иднината на нашата мултиетничка и демократска држава. Обединети и спокојни, да испратиме порака за важноста од почитување на еднаквоста, правдата и демократските вредности – стои во објавата на Фејсбук.
Околу судот има засилено полициско обезбедување.
Активисти на опозициската ДУИ од неделата се пред Уставниот суд со деноноќно присуство во, како што велат, одбрана на Законот за јазиците. Според ДУИ, укинувањето на Законот ќе значи „уривање на еден од клучните столбови на Охридскиот договор, а владејачката коалиција без легимитет наместо да се работи за заедничка иднина, разденува и напаѓа“.