З.А

Два симболи долги години го красат село Вирово демирхисарско .Првиот препознатлив симбол е дабот Чинар стар повеќе векови и вториот симбол на ова село се валавиците, кои денес се помалку се користат за валање јамболии , веленца или клашна..

-Еден од најпрепознатливите белези на село Вирово е дабот Чинар стар повеќе од пет векови.Се наоѓа во непосредна близина на манастирот„ Света Петка“ и низ времето па и денес служел за заштита на локалните жители кога се собираат во манастирот на празникот„ Света Петка“ на 8 август .Дебелината на вировскиот чинар е толу голема, што се потребни дури петмина за да го префатат овој даб , Како течат годините, така неговото стебло е се подебело а а жителите на селото со голема љубов зборуваат за многувековниот даб, што се наоѓа на црквно место и најверојатно, затоа доживеал длабока старост- истакнануваат се малубројните жители на ова село. З.А