Фото: Дарко Андоновски

Прилозите на четворица македонски автори: академик Катица Ќулавкова, професор. Ганка Цветанова, проф. Марија Ѓорѓиева Димова и д-р Бошко Караџов се застапени во последниот број на угледното меѓународно интердисциплинарно славистичко списание на Полската академија на науките,  Slavia Meridionalis бр. 22 (2022). Нивните прилози се објавени на англиски јазик, а се работени во рамки на научноистражувачкиот проект на МАНУ и ПАН на тема: Соседството во контекст на стереотипите и реалноста во современа Европа. Прилозите се достапни на Интернет на веб–страницата на ПАН https://ispan.waw.pl/journals/index.php/sm/issue/view/144

Прилозите на четворица македонски автори, учесници на проектот (академик Катица Ќулавкова, професор. Ганка Цветанова, проф. Марија Ѓорѓиева Димова и д-р Бошко Караџов), толкуваат компаративно, интермедијално и теориски, значајни аспекти на соседството во македонски, балкански и европски контекст, врз примери од културната, јазичната и националната историја, потоа романот, графичката литература и стрип-културата.

Некои од објавените трудови на македонските истражувачи аргументирано се осврнуваат на легитимноста на македонската нација (врз теоријата на Крсте П. Мисирков и модернистичките теории за нацијата и национализмот), како и на феноменот познат како „нарцизам на малите разлики“ меѓу блиските и соседни народи и држави.

Македонските верзии на овие текстови се објавени во списанието Прилози бр. 1 (2022) на ОЛЛН на МАНУ и се достапни на страницата: http://manu.edu.mk/priloziolln/.