Фото: МИА

На локалните избори 2025, четири жени успеаја да ја добијат довербата на граѓаните и да бидат избрани за градоначалнички во своите општини – една во првиот круг и три во вториот.

Во првиот круг, единствената избрана градоначалничка беше Бети Стаменкоска Трајкоска од ВМРО-ДПМНЕ, која ќе ја води општина Кисела Вода.

Во вториот круг, втор мандат освои Соња Стаменкова во Општина Македонска Каменица, поддржана од Коалицијата „Локални избори 2025 – СДСМ“.

Фото: МИА

Градоначалнички мандат во вториот круг освоија и кандидатките на Коалицијата „Твоја Македонија – ВМРО-ДПМНЕ“ Марија Нацева во Општина Неготино и Наталија Димитриева во Општина Демир Капија.

На овие избори имаше вупно 309 кандидати за градоначалници, од кои само 32 беа жени (10.35%).

Најмногу кандидатки – три – имаше во Прилеп, додека, по две се натпреваруваа во Битола, Велес, Карпош, Кисела Вода, Неготино и Центар.

Во 16 општини и Градот Скопје имаше само по една жена кандидат.

Во голем дел од општините жените воопшто не беа присутни на гласачките ливчиња.