На 19. Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки (IJSO 2022), која се одржа од 2 до 12 декември 2022 година во Богота, Колумбија, на која Македонија со свои ученици учествува од 2017 година, македонскиот тим освои 4 бронзени медали, објави Дружтвото на физичарите. Ги заслужија: Искра Нечаковска, ученичка во СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“- Битола, Теона Ана Георгиевска, ученичка во прва година во ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје, Даниел Христов, ученик во прва година во СОУ „Славчо Стојменски“ – Штип, Михаил Шапчески, ученик во прва година во ПСУ „Јахја Кемал“- Скопје.
На олимпијадата успешно се претставија и учениците Марко Серафимовски, ученик во прва година во ПСУ „Јахја Кемал“- Скопје и Олег Трајковски, ученик во прва година во СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“ – Битола.
-Друштвото на физичарите на Република Македонија (ДФРМ), кое во соработка со Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (СХТМ) и Македонското биолошко друштво (МБД) им го честитаат големиот успех на учениците и се заблагодарува на сите оние кои дадоа придонес во организацијата на општинските, регионалните и државните натпревари по физика, хемија и биологија, на двата селекциони натпревари преку кои беше избран тимот. Покрај тоа, им благодарат на сите колеги од Институтите за физика, хемија и биологија кои одвоија значителен дел од своето слободно време и го посветија на подготовките кои се организираа од почетокот на септември до крајот на ноември во просториите на ПМФ Скопје – велат од друштвото.
Водачите на олимпискиот тим беа проф. д-р Боце Митревски од ДФРМ, проф, д-р Методија Најдоски од СХТМ и м-р Лозенка Иванова од МБД.