Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка за празникот Успение на Пресвета Богородица, со кој се прославува мајката божја која е олицетворение на мајчинска љубов, добрина, посветеност и грижа за обесправените, оние кои страдаат и на кои им е потребна добрина и веруваат во Бога.
– Навистина е големо нејзиното дело и со право овој ден и празник наоѓа голема поддршка од верниот народ и се прославува со смирение, угодност и почит. Воедно денес e денот на рударите кој им го честитам од срце, посакувам среќа, Бог да ги чува низ сите предизвици и во овие моменти дозволете да испратам благодарност за нивната храбра и пожртвувана работа. Тие се значаен дел од изградбата на нашата татковина, од напорите да ги стабилизираме состојбите и да ја извадиме државата кон правиот пат. Мојата заложба е да покажеме нормалност на состојбите и за прв пат после многу години со дела да демонстрираме дека државата прави и создава за своите граѓани и дека Македонија е повторно на народот – вели во честитката Мицкоски.
Тој порача дека само заедно, обединети и со голема енергија на промените можеме да го постигнеме тоа.