Фото: Принтскрин

По големиот пожар во Трубарево, со реакција се огласи токсикологот Андон Чибишев, кој предупреди на сериозни последици по здравјето на граѓаните.

– Сериозно ме вознемири веста дека е запалена фабрика за рециклирање на електронски отпад. При горење на електронски отпад се ослободуваат голема количина на екстремно токсични гасови кои содржат јаглероден моноксид, јаглероден диоксид, флуороводород и пареи од тешки метали (олово, жива, кадмиум, арсен), – напиша Чибишев на својот Фејсбук профил.

Тој објасни дека овие гасови можат сериозно да го загрозат здравјето на најранливите категории граѓани.
 – Овие отровни гасови можат сериозно да го загрозат здравјето на децата, бремените жени и хроничните болни (срцеви, белодробни, малигни заболувања), – потенцира Чибишев.

Токсикологот упати и конкретни совети за заштита: „Апелирам граѓаните да затворат прозорци, да не излегуваат надвор без посебни потреби и сите кои имаат во домовите прочистувачи на воздух да ги пуштат да работат со најголем капацитет.“