Фото: МИА

Од Комисијата за избор и именување

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска не го утврди предлогот судијата во пензија, Бранко Секуловски, да биде судија во Уставниот суд на Македонија.

Пратениците досега, освен кандидатката Татјана Васиќ Бозаџиева, која работи во Министерството за правда како државен советник за граѓанско законодавство, дадоа поддршка и за кандидатурата на граѓанскиот судија во Апелациониот суд во Скопје Фатмир Скендер. Тие, како и републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, се предложени од владејачките партии.

Од шестмината кои се предлози од ВМРО-ДПМНЕ,  покрај Секуловски, досега е одбиена кандидатурата на универзитетската професорка Родна Живковска и обвинителот Тодор Витларов. Предлози на опозицијата се и универзитетскиот професор Саво Климовски, судијката од Управниот суд Весна Јовановска и Војислав Димовски јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Охрид.

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска не го утврди предлогот судијката од Управниот суд, Весна Јовановска, да биде судијка во Уставниот суд на Македонија.

Пратениците досега, освен кандидатката Татјана Васиќ Бозаџиева, која работи во Министерството за правда како државен советник за граѓанско законодавство, дадоа поддршка и за кандидатурата на граѓанскиот судија во Апелациониот суд во Скопје Фатмир Скендер. Тие, како и републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, се предложени од владејачките партии.

Од шестмината кои се предлози од ВМРО-ДПМНЕ, покрај Јовановска, досега е одбиена кандидатурата на универзитетската професорка Родна Живковска, обвинителот Тодор Витларов и судијата во пензија, Бранко Секуловски. Предлози на опозицијата се и универзитетскиот професор Саво Климовски и Војислав Димовски, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Охрид.

По паузата, седницата ќе продолжи со расправа за останатите кандидати, поточно кандидатот Војислав Димовски.