Во 08.50 часот започнат е ненајавен јавен собир на регионалниот пат Прилеп-Крушево кај село Врбјани, Општина Кривогаштани – информираа од АМСМ.
– Граѓани протестираат поради изведување на градежни работи на патот со кои треба да се руши мост поради што во овој период ќе им се отежни работата на земјоделците. Од 09.10 часот сообраќајот е блокиран во двата правци – соопштија од АМСМ.