Фото: Општина Битола

По подолго време Општината Битола, откако ја заврши постапката за избор на изведувач за ја почна реализацијата на првата фаза од проектот за адаптација на прифатилиштето за кучиња.
Работните активности треба да завршат за 40 работни дена.
Со проектната документација, на овој простор предвиден е градежно – конструктивен, архитектонски дел и одводнување, со што комплетно ќе се создадат услови за ветеринарна заштита на бездомните кучиња.
Вредноста на склучениот договор изнесува 4.132.399 денари, а со реализацијата на оваа фаза од проектот конечно се пристапува кон конкретно решавање на долгогодишниот проблем со бездомните кучиња.
М.М.