Фото: Принтскрин

Платформата „Независни заедно“ денеска објави дека поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска, ќе се кандидира како независна кандидатка за градоначалничка на Општина Центар.

Ивановска добива поддршка од неколку граѓански иницијативи, меѓу кои „Шанса за Центар“, „Зелените за Гази Баба“ и граѓанската иницијатива „398“.

Официјалното претставување на кандидатурата на Ивановска ќе се одржи утре, во 9:30 часот, пред фонтаната „Лотус“ на влезот во Градскиот парк.