Бебе родено во 23 недела од бременоста на мајката е најмалото преживеано во Македонија. Денеска е Светски ден на предвремено родените деца, чиј број во светот се зголемува. Здружението на неонатолози и „Алкалоид“ АД Скопје, по повод Светскиот ден организира стручен собир, во чии рамки беа презентирани и резултатите од клиничкото истражување за линијата Бекутан Сензитив (Becutan Sensitive), спроведено во нашата земја, во соработка со четири болници.
-Постојат многу причини за зголемување на бројот на предвреме родените деца. Дел од причините за тоа е поместување на старосната граница за раѓање кај жените, се повеќе од нив по 36 година одлучуваат да станат мајки, стилот на живот, стресот, вештачкото оплодување. Од друга страна се зголемува и преживувањето на предвреме родените, што многу не радува. Но, не е битно само преживувањето, туку и квалитетот на живот, детето да има помалку последици. Затоа посветуваме многу внимание на раната интервенција и развојното следење на децата – вели проф. д-р Силвана Наунова Тимовска, претседател на Здружението на неонатолози.
Овој ден е многу значаен за педијатрите бидејќи е посветен на највулнерабилната група на новородени деца, истакна прим. д-р Марина Поп Лазарова, педијатар.
-Тоа се недоносените деца, или деца кои се родени пред полна 37 гестациска недела. Колку е поголема нивната незрелост толку е поголема нивната сензитивност. Сите овие деца ги згрижуваме на одделенијата за специјална нега и терапија, бидејќи таква е нивната потреба, после порорувањето имаат потреба од поголема поддршка – објасни докторката.
Овогодинешното мото на Светскиот ден на прематуритетот е „Кожа на кожа“, која како еден од најголемите органи, кој е особено значаен за бебето.
-Во тој контекст имаме на располагање една одлична колекција. Во соработка со Бекутан правевме шестмесечна, мултицентрична клиничка студија во која беа опфатени 300 новородени деца, од кои 15 проценти беа недоносени. Со користењето на средствата од колекцијата Бекутан Сензитив, маслената купка која ја штити и не дозволува сушење на кожата на новороденото што е многу важно, соодветно масло, односно млеко за кожа и СОС-кремата која е наменета за особено чувствителна и црвена кожа, се покажа дека имаме соработник за чување, нега и заштита на кожата на новороденчето, вклучително и вулнерабилната кожа кај недоносените деца. Студијата покажа одлични резултати во сите институции во кои се спроведуваше. Колекцијата претходно е тестирана во релевантна лабораторија на Европската Унија, а ние продолживме со клиничко испитување – рече Поп Лазарова.
Бекутан веќе 5 децении ја негува довербата помеѓу милиони родители и претставува синоним за врвна нега, притоа создавајќи ги и развивајќи ги своите формулации, секогаш во соработка со педијатри, неонатолози и дерматолози.