Фото: Горан Анастасовски

Трите лавчиња, кои на почетокот на март се родија во скопската Зоолошка градина, деновиве ги добија првите вакцини. По ревакцинацијата на почетокот на јуни, посетителите на Зоолошка ќе можат да ги видат бебињата. Ги добивме по повеќе од 20 години, од мајката Бела, која во Скопје дојде од Германија и таткото Чака, кој потекнува од Франција.

-Една од превентивните мерки во ветеринарната заштита на здравјето на животните е вакцинацијата. Лавчињата ги вакциниравме против три вирусни болести: панлеукопенија, вирусен ринотрахеит и калцивирус. Првите денови по вакцинацијата стекнуваат имунитет против овие болести, па пожелно е да се затворени. Согласно протоколот за вакцинација во првата недела од јуни следува ревакцинација за истите болести, кога ќе примат и вакцина за беснило. Тогаш ќе бидат и поголеми и посетителите ќе можат да ги видат – изјави за „Нова Македонија“ ветеринарката Весна Левајковиќ-Трајков.

Бебињата во ЗОО-Скопје ги фотографираше Горан Анастасовски.

Н.Б.З.

ФОТОГАЛЕРИЈА: По повеќе од 20 години во ЗОО – Скопје се родија три лавчиња