Transporten voen avion
Фото: ЕПА

Авион на српската армија со четворица лекари и четворица медицински техничари се упати кон Македонија за медицинска евакуација на повредените во синоќешната несреќа во Кочани, јави МИА од Белград.
Планирано е со тој авион да се евакуираат 12 пациенти, кои ќе се лекуваат во ВМА и Клиничкиот центар на Србија, соопшти српското МО.

Двајца пациенти кои со воени амбулантни возила биле пренесени од Македонија се на лекување во Воената болница Ниш и Клиничкиот центар Ниш. Тројца пациенти се превезуваат со брза помош и ќе бидат примени на ВМА.

За да им се пружи помош на повредените, планирано е во Македонија да останат двајца лекари од ВМА (пластичен хирург и анестезиолог), како и медицински техничар-инструментар.