Подобрување на квалитетот на воздухот, намалување на бучавоста во градовите и на бројот возила во сообраќајот, поддршка на националните и европските зелени политики, како и економски бенефити за граѓаните, ќе бидат само некои од придобивките на проектот Avant2Go – модерен систем за целосно електрично споделено возење.
Како што истакна првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, кој денеска заедно со министерката за енергетика Сања Божиновска по повод промоцијата на проектот пристигна со електрично возило пред Владата, Avant2Go не е само технолошка новина, туку е и стратешка инвестиција во еколошката, сообраќајната и економската иднина на државата.
– Користењето на целосно електрични возила значи нулта емисија на штетни гасови, што директо придонесува за намалување на аерозагадувањето, особено во урбаните средини. Електричните возила се значително потивки од класичните, а според светските стандарди едно Car-Sharing возил заменува 10 до 15 приватни возила – потенцира Меџити.
Како што беше речено, возилата се достапни за изнајмување преку апликациите Avant2Go Car-Sharing кои се веќе функционални во App Store и Google Store.
Засега за Скопје се набавени 100 вакви електрични возила, но во претстојниот период ќе има повеќе, а ќе се обезбедат и за други градови во државата.
Според проценките, за сериозен ефект од еколошки и економски аспект, на Скопје ќе му бидат потребни 1 000 електрични возила кои би се набавиле за две-три години.
Поевтино од такси превозот и 20 отсто поекономично од користењето сопствени возила, само 22 денари за километар, толку е трошокот на електричните возила што ќе може да се возат низ Скопје преку проектот Avant2Go Car-Sharing што го промовираа денеска првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска