Хеликоптерот на Армијата, кој според најавите требаше околу 12 часот да биде ангажиран во гаснењето на пожарот во неготинско, се уште не е вклучен, додека хеликоптерот на Министерствто за внатрешни работи кој од утринава интервенираше од воздух е повлечен поради одработени часови – информираа од Центарот за управување со кризи за МИА.
– Хеликоптерот од МВР кој беше ангажиран во гаснењето на пожарот во Неготино е повлечен бидејќи ги исполнил работните часови. Армискиот хеликоптер се уште е на задачи и не е ослободен. Ветија дека ќе го пуштат до 12 часот – велат од ЦУК.
Од Општина Неготино, каде вчера формираа Кризен штаб, упатија апел до сите што сакаат да помогнат во гаснење да се пријават во Општината на телефонскиот број 043/361-045.