Фото: МИА

Официјална делегација на Левица предводена од претседателот на партијата Димитар Апасиев го посети родното место на Гоце Делчев, Кукуш, во пресрет на годишнината од роденденот на македонскиот револуционер – 4 февруари.

– Во стариот дел на градот, каде што се претпоставува дека некогаш се наоѓала родната куќа на Делчев, делегацијата составена од членови на ЦК на Левица оддаде почит, положи свежо цвеќе и одржа пригодна беседа во знак на незаборав и непокор на македонската кауза – соопштија од партијата.