Утре со почеток во 12 часот, во салата за седници/свечената сала на Филозофскиот факултет во Скопје ќе се одржи завршниот настан од натпреварот „Античка приказна инспирирана од фотографија“, во организација на Институтот за класични студии при Филозофскиот факултет.
Настанот е дел од серијата настани што Филозофскиот факултет оваа година ги организира по повод одбележувањето на 105-годишнината од основањето на факултетот.
Во натпреварот „Античка приказна инспирирана од фотографија“ учествуваа 49 ученици од средните училишта од повеќе градови во државата (Скопје, Куманово, Делчево, Струга, Битола, Велес, Гевгелија, Македонска Каменица).
Учениците имаа задача да направат фотографија на антички локалитет, артефакт или да направат оригинална уметничка фотографија инспирирана од антички мотиви и врз основа на фотографијата да напишат кратка оригинална приказна.
На завршниот настан планирано е да се прочитаат најдобрите приказни и да им се доделат наградите на првите три места.
Настанот е отворен за јавноста.
– Се надеваме дека на овој начин ќе ја приближиме за пошироката јавност работата на професорите и учениците од средните училишта и Институтот за класични студии и дека со тоа ќе го поттикнеме интересот за културното наследство на нашата земја и креативноста кај младите – велат организаторите на настанот.































