фото: Википедија

Помошникот државната секретарка на САД за европски и евроазиски прашања Карен Донфрид од 25 до 29 април ќе престојува во Западен Балкан при што во рамки на турнејата ќе ја посети и Македонија.

Како што соопшти Стејт департментот, Донфрид во Скопје доаѓа на 28 април, каде на средбите со функционерите на Македонија, ќе изрази силна поддршка за преговорите на земјата за влез во ЕУ и ќе се заблагодари за помошта за Украина.

Таа ќе ја повика Македонија, како најнова членка на НАТО, да ја продолжат блиската соработка за низа регионални, безбедносни и одбранбени прашања за промовирање на демократијата и регионалната стабилност.

Дел од турнејата на Донфилд на Западен Балкан се и Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија и Косово од каде ќе ја започне посетата на регионот.

Во Косоов, како што е најавено, таа ќе му се заблагодари на Косово што им обезбеди засолниште на Авганистанците и Украинците и ќе ја поттикне работата на реформите за демократска консолидација и интеграција во европските и евроатлантските институции. Со властите во Косово ќе разговара и за изгледите за унапредување на дијалогот со Србија кон договор за нормализирани односи со фокус на взаемното признавање

Донфрид потоа на 26 април ќе отпатува во Србија за да ја повика земјата да ги засили реформите насочени кон европската интеграција и да ја унапреди регионална стабилност и просперитет. Американската претставничка во Белград ќе разговара за можностите за енергетска диверзификација и билатералните безбедносни и економски врски. Во Белград таа ќе ја повтори потребата Србија и Косово повторно да се вклучат во дијалогот предводен од ЕУ.

Во Босна и Херцеговина (БиХ) на 27 април, Донфрид ќе ги охрабри функционерите да продолжат да ги вклучуваат институциите на сите нивоа на власта и ќе ја повика БиХ да постигне напредок во борбата против ендемската корупција, заради подобар просперитет и добивање кандидатски статус за ЕУ.

За време на посетата на Албанија на 28 април, Донфрид ќе одбележи 100 години од американско-албанските дипломатски односи и ќе и се заблагодари на Албанија за нејзината посветеност на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.

Донфрид на 29 април ќе отпатува за Црна Гора каде што ќе ја нагласи поддршката од САД и потребата да се забрза работата на евроатлантскиот пат на Црна Гора и пристапувањето во ЕУ. Американската помошник државна секретарка ќе и се заблагодари на Подгорица што се приклучи кон санкциите против Русија во знак на поддршка за Украина.