Фото: Маја Јаневска Илиева

Амбасадата на Народна Република Кина во Македонија одржа прием во Скопје по повод одбележувањето на кинеската Нова година. Одбележувањето беше проследено со интересна културно-уметничка програма, во која учествуваа и деца од предучилишна и училишна возраст.
На приемот беа присутни голем број гости од политичкиот, културниот и јавниот живот. Гостите ги поздрави Су Леи, вршител на должноста амбасадор на НР Кина во земјава.