Фото: Азир Алиу/Фејсбук

Министерството за здравство информира дека министерот Азир Алиу денес донесе решение за разрешување на директорот на ЈЗУ Универзитетска клиника за неврологија, проф. д-р Игор Кузмановски.
– Во најкраток рок ќе биде именуван нов директор согласно законските процедури. Работата на Клиниката продолжува непречено – велат од министерството, од каде што не прецизираат која е причината за разрешување.

Непоредно пред разрешувањето на социјалните мрежи се прошири видео кое јавноста наиде на осуда и критики кај јавноста.

ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува одлуката директорот на Клиниката за неврологија да биде разрешен, реагираа од партијата.

-Институциите треба да постапат во согласност со законот и утврдените процедури – се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
-Во врска со објавите на социјалните мрежи, за директорот на Клиниката за неврологија, д-р Игор Кузмановски, ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува одлуката да биде разрешен од функцијата. Немаме сомневање дека јасно и недвосмислено институциите треба да постапат во согласност со законот и утврдените процедури. Извршувањето на јавна функција носи конкретни обврски и одговорности. Нашата заложба е правилата и законите да важат за сите подеднакво и управувањето на институциите мора да биде во согласност со вредносниот систем на одговорност за кој се залагаме и ќе продолжиме да се бориме – се додава во соопштението.