Фото:З.А

Со присуство на голем број на верници од градот, светиот крст беше положен во водите на градскиот базен. Годинава по крстот скокнаа над 40 доброволци а крстот од водите на базенот го извади Алек Хлоупек, на кого ова му е трет пат да биде среќниот фаќач на крстот во Кичево.

-Ова е трет пат како го фаќам крстот во нашиот град. Немам зборови со кои би го искажал задоволството и среќата што ја доживеав по овој чин. Фаќањето на крстот од осветените води на базенот е посебно доживување за мене и планирам и наредните години да бидам еден од доброволците кој ќе скока по Светиот крст – истакна Хлоупек.

По утрената Богослужба во црковниот храм „Свети Петар и Павле“, литијата предводена од свештенството се упати кон градскиот базен каде беше извршен Богојавленски водосвет. По овој чин крстот беше положен во водите на базенот.

Покрај во Кичево во оваа општина крст се положи и во селата Другово во река Треска, Белица во Беличка река и село Цер.  З.А.