Засега нема известување преку Системот за брзо известување за небезбедена храна и храна за животни – (RASSF) на ЕУ дека на македонскиот пазар се пласирани небезбедни супи – информира Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) за МИА.
АХВ, како што наведува, ја следи состојбата со повлекувањето супи во Германија и доколку добие известување преку овој систем, навремено ќе преземе мерки за евентуално повлекување на производи.
-До овој момент Агенцијата за храна и ветеринарство нема добиено известување преку Системот за брзо известување за небезбедена храна и храна за животни – (RASSF) на ЕУ дека на македонскиот пазар се пласирани небезбедни супи – нагласува АХВ.
Во текот на вчерашниот ден некои медиуми објавија дека Германија повлекува серии готови супи на познат бренд поради можност за присуство на метални делови.