Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) апелира до сопствениците на кучиња да ја исполнат законската обврска за нивна идентификација со микрочип и регистрација во модулот за домашни миленици во информативниот систем на Агенцијата. По регистрацијата се издава и пасош за домашен миленик.
Од АХВ појаснуваат дека апликацијата на микрочипот е еднократна постапка и дека животното го носи чипот до крајот на животот.
Микрочипирањето е основа за утврдување сопственост, за обезбедување навремена и квалитетна здравствена заштита и за поголема безбедност на сопствениците во однос на пренесување заразни болести од животните на луѓето.
Сопствениците што веќе ги имаат микрочипирано милениците имаат законска обврска да пријават секоја промена на податоците за животното или за сопственикот во надлежното ветеринарно друштво, кое ја ажурира електронската база.
Во базата треба да се евидентира и пцовисувањето, губењето или купопродажбата на животните.
Според АХВ, микрочипирањето има цел трајна идентификација, спречување напуштање и контрола на размножувањето, како и полесно пронаоѓање во случај на губење или кражба.


































