Фото: Маја Јаневска Илиева

Борбата за правата на жените е борба за праведно општество. Затоа секогаш ќе го креваме гласот против дискриминацијата, нееднаквоста и насилството, објави претседателот на СДСМ, Венко Филипче на Фејсбук.

„Денеска во Струмица, на 10-тиот јубилеен Осмомартовски марш на Форумот на жени на СДСМ, марширавме исправени заедно, за еднаквост, правда и мир. СДСМ секогаш гледа напред и ќе се бори за рамноправност на жените. Социјалдемократската идеологија е единствената што се залага за еднакви услови за развој и напредок на жените, како и за унапредување на женското лидерство. Нашата визија е општество во кое жените се економски силни и се зајакнуваат на сите позиции, без затворени врати. Општество во кое солидарноста е првата асоцијација за жените. Жените се нашата сила за напредок, затоа ќе ја продолжиме борбата за нивно економско зајакнување и подобар животен стандард. Нека е честит 8 Март – Меѓународниот ден на жената! – објави тој на Фејсбук.