Претседателот на СДСМ и пратеник во Собранието на Македонија, Венко Филипче, заедно со координаторот на пратеничката група на СДСМ Оливер Спасовски и со пратеникот Фатмир Битиќи, одржаа средба со претседателка на Собранието на Република Албанија Елиса Спиропали, која е во официјална посета на државата.
На средбата, како што информираат од СДСМ, се разговарало за добрососедските односи помеѓу Северна Македонија и Албанијa, како и за идните политики во делот на забрзување на евроинтеграцискиот процес на двете држави.
Филипче и Спиропали, се согласиле дека Македонија и Албанија мора заедно да продолжат по европскиот пат, со фокус на исполнување на обврските и размена на искуства во рамки на процесот на пристапување кон Европската Унија,што е важно за иднината на граѓаните на двете држави.
Во тој контекст, Филипче посочил дека загрижува политиката на актуелната власт во однос на евроинтеграцискиот процес на државата.
– Актуелната власт не презема конкретни чекори во однос на забрзување на процесот на евроинтеграција на државата и покрај тоа што ветуваа дека дека ќе ја подобрат преговарачката позиција. Во моментов имаме ситуација кога патот кон ЕУ е доведен во ризична состојба, а со тоа и иднината на државата – рекол Филипче.
На средбата била потврдена досегашната соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија, и важноста од зајакнување и унапредување на регионаланата соработка како на економско така и на билатерално ниво.
Воедно, на средбата, Филипче ја истакна соработката со сестринската Социјалистичка партија на Албанија, на билателарно ниво и во рамки на Партијата на европски социјалисти.