Фото:Неотел

Вчера во Музејот на современа уметност во Скопје, НЕОТЕЛ ја прослави својата 20-
годишнина заедно со своите клиенти, соработници и вработени кои придонесоа за
успехот на компанијата. Настанот беше одбележан со одличен настап на бендот
„Фолтин“ како и пригоден говор од директорот Даме Цветковски, кој ги потенцираше
клучните моменти од историјата на компанијата.

– Во текот на целата своја историја, НЕОТЕЛ беше пионер во освојување на ИКТ
технологиите, применувајќи IP телефонија, фиксен безжичен интернет преку WiMAX и
IP телевизија, тогаш технологии во зачеток, правејќи секогаш чекор пред времето.
Иновативноста и истражувачкиот дух беа резултат на ентузијазмот и компетентноста
на тимот на НЕОКОМ и академските професори – изјави директорот.

Фото:Неотел

Тој исто така го нагласи значењето на вработените и основачите на компанијата, кои со својата визија и посветеност го поставија патот кон успехот.

Во своето обраќање, господинот Цветковски додаде: „Од самиот почеток, моторот на
нашата компанија беа млади инженери кои ги заменија универзитетските клупи со
канцелариски бироа, компјутери, мрежна и комуникациска опрема. Тие се развија во
извонредни професионалци и денес, со истиот ентузијазам како и тогаш,
продолжуваат да работат со страст и посветеност.“

Фото:Неотел

Настанот ја потенцираше долгогодишната посветеност на НЕОТЕЛ кон иновации,
високи стандарди и професионализам, вредности кои остануваат клучни и за годините
што следат.

Како дел од одбележувањето на 20-годишниот јубилејот, НЕОТЕЛ подготви специјална
понуда за сите домашните корисници, 50% попуст на сите пакети во првите 12 месеци,
како и бесплатен HBO пакет за првите 6 месеци. За повеќе детали проверете на
www.neotel.mk.