Движењето АВАЗ ќе поднесе два амандмани за предлог-законот за одржување на попис на населението во 2020 година.
– Сакаме да ја информираме јавноста, пред сè Бошњаците, дека во предлог-законот стои погрешна номинација на босанскиот јазик, како единствен стандардизиран јазик на Бошњаците. Со цел да биде корегирана направената грешка подготвивме два амандмани кои ќе бидат поднесени од нашиот пратеник Зеќир Рамчиловиќ кога законот ќе дојде во второ читање. Истите ќе бидат поддржани од парламентарното мнозинство и од опозицијата што само докажува дека се работи за ненамерна грешка, но и опомена дека институциите треба да бидат повнимателни – велат од АВАЗ.
Во врска со ова, велат од таму, реагираа повеќе поединци и невладини организации на соодветен начин, додека некои поединци, дури и политички партии или не ги знаат процедyрите или прават ефтин популизам.