На спомен-обележјето кај Катлановско Блаце денеска ќе се одбележат петнаесет години од хеликоптерската несреќа во која трагично загинаа единаесет припадници од составот на воздухопловниот ВИНГ.
На спомен-обележјето во Катлановско Блаце, цвеќе ќе положи делегација од Министерство за одбрана и Генералштабот на Армијата составена од министерката за одбрана, Славјанка Петровска заменикот министер за одбрана, Башким Хасани и директорот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Зоран Милески. Цвеќе ќе положат и делегации од Кабинетот на претседателот, општина Петровец, Командата за операции, воздухопловниот ВИНГ, првата пешадиска бригада и членовите на семејствата на загинатите припадници.
Припадниците на воздухопловниот ВИНГ претходно, ќе го одбележат настанот со полагање свежо цвеќе и на спомен-обележјето пред командата во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец.