Денес се одбележани 122 години од погибијата на војводата Јордан Пиперката и неговите соборци Ѓорѓи, Милош и Кузман.

Годинава на овој ден, во организација на патриотското здружение„ Македонски Завет“, во црквата„ Св.Илија“ во село Велмевци, се оддржа Панихида во спомен на македонските јунаци за автономна Македонија.

-Нивниот завет и аманет е силна заклетва за идните генерации, а ние се трудиме да го зачуваме нивното дело од заборав. Патриотското здружение „Македонски Завет“ е организација која се залага најмногу за негување на Македонија и македонското дело. Да живее Илинден, да живее Македонија. Инаку голем број партриоти и подржувачи на животот и делото на големиот војвода , денес го посетија споменикот на Јордан Пиперката во месноста Черешна во близина на село Велмевци, каде по негова желба бил погребан и каде неговата активност била најголема во времето на Илинден-истакнаа од ова здружение. З.А.