Џеват Исени е разрешен од Акционерското друштво за стопанисување со деловен простор. На денешната седница Владата донела одлука Џеват Исени да биде разрешен од функцијата неизвршен член на Одборот директори на акционерското друштво за стопанисување со деловен простор (АДСДП), со што му престанува и функцијата Претседател на Одборот на директори на АДСДП.
Одлуката на владата е донесена откако медиумите објавија видео на кое Исени игра оро на свадба со пиштол.