Претседателот на Собранието, Талат Џафери, даде пауза од еден час по што собраниската дискусија по предлот-законот за ЈО ќе продолжи. Тој посочи дека од продлжението законодавниот дом ќе биде во постојано заседание сè до распуштањето в недела, што практично би значело дека пратениците ќе работат 24/7.
– Ве информирам дека ќе продожиме со работа и по 18 часот, што значи дека од овој момент, по продолжението во 18 часот, ќе бидеме во постојано заседание до распуштање на Собранието – рече Џафери, на што некои од пратениците се смееја.
Претседателот Џафери повика сите пратеници да бидат во салата на продолжението од седницата бидејќи претходно половина од нив не беа внатре.
– Пауза до 19 часот, а потоа ги замолувам координаторите, фејсбук-мајсторите да бидат овде, а не да шетаат. Да бидат овде, а режијата да си ја прикаже салата, а не да држат предавања на Фејсбук. Овде да дојдат на постојано заседание од 19 часот – додаде Џафери.