Претседателот на Собранието, Талат Џафери се обрати во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце, по повод Денот на републиката – 2 август, и по повод 75 годишнината од првото заседание на АСНОМ.
Џафери посочи дека двата Илиндени се двата столба врз кои се темели државотворноста на државата.
– Многу знајни и незнајни јунаци ги дале животите, многу мајчини солзи, но и многу тажни песни и преданија, се пренесуваат од генерација на генерација, за сонот да живее – изјави Џафери по повод празникот во Пелинце.
Тој оцени дека во изминатите 2 и пол години биле донесени тешки државнички одлуки кои го деблокирале патот кон евроатлантската интеграција.
Во однос на датумот за почеток на преговорите со ЕУ рече дека постигнато е многу, но дополнително потребна е конкретна, не само декларативна волја за реформите.