Претседателот на Собранието, Талат Џафери, до граѓаните упати честитка по повод државниот празник 11 Октомври, Денот на народното востание.
– Ова е ден со кој се обележува почетокот на одлучната борба против фашизмот – најголемото зло во историјата, и почетокот на решителната борба за слобода и достоинство, со што била дадена поддршка и помош за победата на доброто врз злото во Втората светска војна. Денешниот празник е значаен ден во историјата на државата и јас посакувам сите да го одбележиме достоинствено и во големо празнично расположение – се наведува во честитката на Џафери.
Собранискиот спикер нагласува дека борбите на народите се менуваат низ годините, но важно е да не се заборави дека вистинската страна е онаа која носи достоинствен и еднакво добар и квалитетен живот за сите.
– Заедно да го изодиме патот на евроатланската интеграција и да градиме стабилна и сигурна иднина за идните генерации во држава која ќе биде пример за успех во историјата – се нагласува во честитката на Џафери.