Растат платите за сите вработени во градинките. Со измените и дополнувањата на Законот за заштита на децата за 16 % се зголемуваат платите на воспитувачите/ките, негователите/ките, стручните работници/чки и соработници/чки.Се зголемуваат и платите на помошно-техничкиот пероснал со Колективен договор потпишан со синдикатот. Исплатата на зголемените плати започнува со исплатата на јунската плата во текот на месец јули, соопшти Министерство за труд и социјална политика.
Според нив, градинката е место каде започнува развојот на детето. Тука децата го осознаваат светот, тука ги градат темелите на нивниот понатамошен развој и напредок.
-Токму затоа, ние продолжуаме да инвестираме во нови објекти, но и во кадрите кои се грижат за нашите најмлади и целокупниот квалитет на предучилишното образование.Со ова уште еднаш Министерството за труд и социјална политика, потврдува дека посветено работи на подобрување и унапредување на условите во детската заштита и на враќање на достоинството на персоналот којшто се грижи за децата во градинките- се наведува во соопштението.