Буџетот за 2021 година е буџет НАТО за одбраната на земјата како членка на НАТО Алијансата. Годинава покажуваме дека обврските, стандардите, критериумите кои што сме ги прифатиле како земја членка на НАТО ги почитуваме.
Затоа Македонија и оваа година го зголемува буџетот за 0,2% од БДП, движејќи се кон посакуваните 2%, но годинава за првпат целосно ја исполнуваме и втората обврските на земјите членки на НАТО која што произлезе од Самитот во Велс – а тоа е повеќе од 20% од буџетот за одбраната да се издвои за опремување и за модернизација, рече министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, на денешната прес-конференција на која го презентираше одбранбениот буџет за 2021 година, кој трета година по ред расте и во 2021 година ќе достигне 1,57 посто од бруто домашниот производ, односно над 11 милијарди денари.
Таа кажа дека со буџетот за 2021 година ќе го продолжиме процесот на опремување и модернизација на Армијата, за што се обезбедени 38 посто повеќе средства отколку во буџетот за 2020 година.