Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, вели дека Законот за пензионирање до 62, односно 64 години е стигнат до второ читање во Собранието.

– Блокиран е од опозицијата со 400 до 500 амандмани и расправата е доведена до амандманска расправа – појаснува Шахпаска.

Таа вели дека Законот е предложен од страна на пратеници, а не од Министерството.

– Ги повикувам пратениците да најдат решение, затоа што нашите сознанија се дека сите амандмани се исти за преместување на рокот за важење на законот – рече Шахпаска.


Опцијата за докупување стаж за пензија може да се одолговлече

Закон за докуп на стаж е процес којшто ќе трае, а ние ќе го исполниме предизборното ветување до нашите граѓани, уверува министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.

– Ние кажавме дека ова прашање ќе биде регулирано во Закон, меѓутоа не кажавме во која временска рамка тоа ќе се заврши – вели Шахпаска.

Министерката вели дека реформите кои течат, а се со поддршка на Светската банка и се однесуваат на пензинскиот систем имаат своја временска рамка до почетокот на 2024 година.

Таа вели дека треба да се има предвид дека пандемијата со ковид-19 ги забавила дел од процесите кои се одвиваа минатата година.

– Во моментот во МТСП интензивно се работи на законското решение за работни односи. Интензивирани се активностите во работната група, затоа што тоа е првиот приоритетен закон кој треба да се донесе оваа година. Понатаму Законот за безбеност и здравје при работа. Паралелно со ова, а со поддршка на Светска банка, во МТСП се одвива и проектот со којшто се предвидува воспоставување централен регистар на осигуреници во државата, понатаму носење нов закон за вработување лица со попреченост, како и реформите во пензинскиот систем. Паралелно во МТСП се работи на сите овие прокти – вели Шахпаска.