Во Министерството за внатрешни работи денеска се одржа средба меѓу министерот Наќе Чулев и Славјанка Петровска, дополнителен заменик министер, со цел двајцата функционери да ги разрешат отворените прашања во функционирањето на министерството.
По ова, следуваше и работна средба во проширен состав, на која присуствуваа и заменикот министер Агим Нухиу, директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски и заменикот на директорот на БЈБ Бесир Деари.
Како што информираат од МВР, во врска со телеграмата за возилата било договорено дека доколку постои сомнение за несоодветно користење на службените возила, тоа треба да се утврди во соодветна постапка од Одделот за внатрешна контрола и дека ќе се повлечат само оние возила кои се нужно неопходни за кабинетот и министерот, без притоа да се наруши секојдневното работење на службениците.
– Истовремено беше консатирано дека во меѓусебна координација помеѓу организациските единици да се направи соодветна распределба на возилата, водејќи сметка за кабинетите на Министерот и Дополнителниот заменски министер – соопштија од ресорното министерство.
Во однос на телеграмата со која се известуваат раководителите на организацуските единици со која издадените наредби престануваат да важат, завземен е заеднички став да се презамат активности од страна на директорот на Бирото за јавна безбедност, a со кои во сите организациски единици каде има потреба ќе се распоредат работниците со решенија.