ТАВ Македонија го одбележа отворањето на две нови дестинации на „Виз Ер“ од Меѓународниот Аеродром Скопје – Турку и Ларнака и поставувањето на петиот авион на „Виз Ер“ во базата во Скопје.
Од ТАВ Македонија истакнаа дека се среќни и горди што овие нови авиолинии се додаваат на долгата листа на градови кои се поврзани со директни летови од скопскиот аеродром, како и новите дестинации од охридскиот аеродром – Дортмунд, која почна во јули и Меминген, авиолинија што ќе почне од 2 август.
Покрај новововедените дестинации, Турку и Ларнака од Меѓународниот Аеродром Скопје, како и Дортмунд и Меминген од Аеродромот „Св. Апостол Павле“ – Охрид, „Виз Ер“ го додава петиот Ербас А320 авион во базата во Скопје.