Со биење на камбаните точно на полноќ, православните храмови во земјава ја објавија радосната вест дека Исус Христос воскресна од мртвите и смртта со смрт ја победи.
Во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје се одржа воскресна литургија на која чононачалствуваше Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.
,,Христос воскресе, навистина воскресе” – со овие зборови на полноќ православните христијани го дочекаа Христовото воскресение.
Традиционално, верницте кои постеа се омрсија со велигденски јајца.